Граѓаните поделени околу ефективноста на пасошкото одделение на МВР

Преполни простории, големи редици пред многуте шалтери, нервозни и збунети граѓани. Вака изгледа пасошкото одделение при МВР, во пресрет на летната сезона. Повеќето граѓани кои сакаат да заминат на летен одмор трпеливо го чекаат својот ред. Дел од нив се жалат на слабата организација и недоволната координираност меѓу вработените.

,,Катастрофа, не можеш никого да најдеш на шалтер да прашаш.”
,,Не е организирано.”
,,Те препраќаат само од шалтери.”


Некои пак се задоволни од понудената услуга и присетувајќи се на минатите години кога за еден документ се чекало многу време, денес велат тие, работата се завршува побрзо.

,,Се чекаше со саати, со денови, подобро е сега, организацијата им е супер.”

Граѓаните велат дека процедурата за вадење на патна исправа или некој друг документ не трае долго и најчесто, се се завршува за два до три дена.

,,Три дена работа.”
,,Денеска поднесов документи, попладне ми рекоа да ги земам.”


Некои од граѓаните сметат дека вината не треба да се бара кај вработените туку кај луѓето кои чекаат до последен момент да поднесат документи и без ни малку трпение истиот да го добијат веднаш.

,,Проблемот не е во вработените, туку во народот.”
,,Љубезни се.”
,,До сега вака не било.”


Генерално сите се согласуваат дека навиките на луЃето треба да се менуваат, граѓаните навреме да ги поднесат потребните документи и да го причекаат својот ред, а вработените пак, љубезно да ги услужат со сите информации кои ним им се потребни.