Министерството за одбрана позитивен пример

Секторот на одбраната е пример за позитивен тренд на застапеноста на припадниците на заедниците, оценува Талат Џафери заменик министер за одбрана. Факт е дека минаната година застапеноста беше околу 10 проценти, а сега е околу 8 отсто поради префрлување на надлежноста за обезбедување на границите од армијата на припадниците на МВР, а со тоа и преминување на војниците во рамки на граничната полиција, но посочува заменик министерот, тоа нема да го спречи министерството да ја оствари проекцијата

,,Имаме програма со која се предвидува во глобала застапеноста на припадниците од заедниците во делот на застапеноста со средно образование да заврши до крајот на 2007 година, и имаме точна динамика за прием на припадници и знаеме како тоа ќе го реализираме било тоа да се цивилни лица или во униформираниот дел. Што се однесува до кадрите со високо образование, тоа треба да се заокружи до 2013.”

Според Џафери, намалувањето на бројот на војската, од една страна, и од друга вклучувањето на припадниците на заедниците во армијата се процеси што мора да се спроведуваат паралелно.

,,Едниот со другиот процес немаат никаква врска.”

Заменик министерот објаснува дека намалувањето на бројот на војниците е обврска за постигнување на стандардите на НАТО, но од друга страна, за приближување кон евро-атлантските структури неопходно е спроведувањето на рамковниот договор.