Министрите за правда и за внатрешни работи на Групата осум најразвиени земји во светот на денешниот состанок во британскиот град Шефилд разговараат за начините за спречување на глобалниот тероризам и на шверцот со дрога. Според британскиот министер Чарлс Кларк, осумдесет и седум проценти од хероинот во светот, и покрај меѓународните напори, доаѓа од Авганистан. Денешниот состанок е дел од подготовките на самитот на Ге осум што во почетокот на јули ќе се одржи во Шкотска.