Приштина: Сорен Јесен Петерсен се согласува мисијата на Косово да ја преземе ЕУ

Шефот на Унмик Сорен Јесен Петерсен, како што изјавил за австриската агенција АПА, ја подржува идејата косовската администрација што е под протекторат на Обединетите Нации да биде преземена од Европската Унија. До решавање на статусот на мора да биде јасно дека иднината на Косово е европска задача, изјави Петерсен. Според неименувани дипломатски извори во Приштина трансферот веќе бил договорен што укажува на фактот дека демократските и правните стандардите се повеќе се прилагодуваат на критериумите од Копенхаген – потребни за прием во Унијата.