Шефовите на дипломатиите на Европската Унија на денешниот состанок во Луксембург, кој е подготовка на самитот што ќе се одржи кон крајот на неделава, ќе се обидат да ги надминат несогласувањата меѓу Британија и Франција околу проектот за буџетот на Унијата за периодот две илјади и седма, две илјади и тринаесета година. Во рамките на разговорите за буџетот, како што јавуваат агенциите, министрите посредно ќе расправаат и за Западен Балкан. Притоа се очекува да стане збор за моментно стопираниот обид на Хрватска да ги започне преговорите за членство во Европската Унија. Според извори во Брисел, министрите ќе го прифателе извештајот на Карла дел Понте дека Загреб се уште недоволно соработува со Трибуналот.