Претседателот на Врховниот суд на Боливија Едуардо Родригез синоќа е избран за шеф на државата по оставката на Карлос Меса. Родригез изјави дека ќе биде ангажиран во организирањето предвремени избори со цел да се избегне граѓанската војна во земјата која неколку недели е потресена од социјални немири. Вчера полицијата убила еден демонстрант што ги зголеми страхувањата за ескалација на судирите меѓу власта и демонстрантите кои бараат национализација на природните ресурси во Боливија.