Во Кордоба денеска завршува дво дневниот собир за антисемитизмот на ОБСЕ со усвојување декларација со која се очекува да се отфрлат сите видови дискриминација како закана за демократијата. Именувани се тројца преставници за дискриминација на муслиманите, за дискриминација на христијаните и на другите верски заедници. На конференцијата учествуваат министри и високи преставници од 55 те земји на ОБСЕ, десетина азиски и медитерански земји и многубројни преставнци на невладиниот сектор.