По неколку неделните протести, претседателот на Боливија, Карлос Меса во синоќешното телевизиско обраќање, соопшти дека поднесува оставка. Претходно, десетици илјадници луѓе протестираа по улиците на Ла Паз и се заканија дека насилно ќе влезат во претседателската палата. Боливија беше зафатена со бран протести организирани од левичарските партии со барање од владата да ја национализира државната индустрија за гас.