Двајца државјани на Словачка починале во пожар што избувнал синока во Тунелот- Фрејус, меѓу Италија и Франција. Според првичните информации несреќата се случила кога еден камион натоварен со автомобилски гуми, кој доагал од француска страна, се запалил најверојатно поради истекување на гориво. Жртвите биле возачи на камиони кои во моментот на пожарот се наоѓале во тунелот.