Холандското противење на Европскиот Устав порасна на ново рекордно ниво пред утрешниот референдум за ова прашање. Ваквите резултатите од испитувањето на јавното мислење, според експертите, значи дека Холандија ќе го следи примерот на Франција.
Резултатите покажуваат дека дури шеесет и пет проценти од холанѓаните се против Уставот на Европската Унија. Тоа е за пет насто повеќе од она што било забележано пред една недела. Од друга страна, пораснал и процентот на оние што ќе го дадат своето за ,,да,, за Уставот. Пред една недела за него ќе гласале дваесет и еден , а сега дваесет и пет насто од граѓаните. Десет проценти од нив и натаму остануваат неопределени. Доколку холанѓаните речат ,,не,, тоа, според експертите, ќе го запечати ковчегот на Европскиот Устав. Противниците на Уставот велат дека тие се загрижени од посилното влијание од Брисел, кое ќе доведе до намалување на холандкста незвисност. Тука се и нетрпеливоста спрема еврото, застрашаеноста од имиграцијата и обидите на Турција да стане членка на Унијата. Сепак, ваквото мислење не го дели холандскиот министер за европски прашања Атцо Николаи. ,,Повеќето од холаѓаните не сакаат едноставно да го следат францускиот пример и велат: Зошто да го направиме она што го стори Франција,, оптимистички изјави во интервју за агенцијата Ројтерс. Според него, Холандија дојде во ваква незгодна ситуација со Уставот поради се поголемиот јаз меѓу народот и политичарите. Проблемот на луѓето не е Уставот, ниту пак Европа како таква, ами мислењето дека секогаш некој решавал наместо нив,, вели Николаи, додавајќи дека во Холандија со децении, немало вистинска дебата за Европа. Аналитичарите предвидуваат дека одѕивот на утрешниот референдум ќе биде многу помал сега кога Франција го отфрли Уставот. Меѓутоа, Николаи се надева декана првиот воопшто одржан референдум во Холандија ќе излезат најмалку четириест насто од нејзините граѓани. Резултатот од референдумот не е обврзвачки за холандската влада, но сите политички партии кои го поддржаа евро Уставот, изјавија дека ќе го почитуваат негативниот одговор доколу одѕивот биде најмалку триесет насто. Ние сме практична земја и затоа се надевам дека во моментот на гласањето, луѓето ќе решат поинаку од она што го говорат на анкетите или во пабовите,, вели холандскиот министер за европски прашања Атзо Николаи.