Во Либан од изутрината се одржува првиот круг од парламентарните избори кои што во последните 30 години првпат се одржуваат без присуството на сириските сили. На изборите што се одржуваат во четири круга, заклучно со 19 ти јуни, над 400 илјади треба да изберат 19 претставници во 128 члениот паррамент. Според агенциите од гласањето се очекува убедлива победа на синот на поранешниот убиен премиер Рафик Ал Харириј.