Еден украински војник во составот на мировните сили на Косово, како што е соопштено од мисијата на НАТО во Приштина, бил пронајден мртов во стовариштето во воениот камп Бреза кај Штрбце. Се испитуваат причините за неговата смрт. Од јули две илјадитата година околу триста украински војници се дел од украинско полскиот баталјон на Косово.