Ријад: Саудискиот крал Фахд примен во болница

Саудискиот крал Фахд кој беше примен во една болница во Риад поради запаление на белите дробови, се чувствувал добро, јави саудиската државна агенција СПА. Осумдесет и две годишниот монарх Фахд пред десет години доживеал мозочен удар и оттогаш со најголемиот извозник на нафта во светот управува неговиот брат принц Абдула.