Вашингтон: Во блиска иднина можни терористички напади врз американски цели во Узбекистан

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека примил информација оти во блиска иднина се можни теророристички напади врз американски цели во Узбекистан. Во новото предупредување на Стејт Департментот се прецизира дека екстремистичките групи како Исламското движење за Узбекистан, Ал Каида и Исламски Џихад продолжуваат да бидат активни во таа земја.