Палестинскиот лидер Махмуд Абас, во рамките на северно-американската турнеја, денеска во Отава ќе разговара со раководството на Канада. Вчера во Вашингтон Абас се состана со американскиот претседател Џорџ Буш кој ја реафирмира подршката за конституирање палестинска држава и се заложи за забрзување на мировниот процес на Блискиот Исток.