Намерата е брза приватизација на ЕСМ

Со измените на законот за енергетика, ке се либерализира постоечкиот пазар на електрична енергија и природниот гас во државава, што значи раздвојување на производството и пренесот велат од надлежното Министерството за економија од каде додаваат дека освен ова, измени се нужни и поради усогласувањето со европските директиви, што е предуслов за членство во Европскиот пазар.

„Тоа е закон што треба да ја формира правната рамка на енергетскиот сектор во пазарен аспект, односно пазарните односи и во најдоминантниот дел на пренос на енергија по преносни системи, тоа се електрична енергија и природен гас. Оснанатите делови не се опфатени,“

објаснува Симон Узунов, помошник раководителот на сектрот за енергетика при Министерството за економија. Со законските измени, велат од Министерството за економија, ќе се либерализира пазарот во преносната мрежа на енергенси со што ќе можат да учествуваат сите кои сакаат да развиваат дистрибутинва мрежа.

„Ќе се одвои преносната инфраструктура, која преставува систем на јавна услуга во преносот на енергијата. Основата е да се овозможи слободен пристап на трето лице во регулирани услови. Монополската положба, како природен монопол во енергетиката, во сите овие системи мора да се реструктуираат за сите аспкети за измена на потрошувачите, мора да им се овозможи слободен пристап,“

вели Узунов. На ваквите законски измени на законот за енергитика, реагираат стручната јавност според која донесувањето на овие измени кои имено вчера беа усвоени во Собранито, ги откриваат намерите за предвремена и брза приватизација на македонското електростопанство.

„Потребно е пазарот на електична енергија и гас да се регулираат. Тоа е јасно, ама не е јасно зошто мораше вака набрзина тоа да се направи? Практично, стручната јавност немаше време да реагира на измените на законот“

потенцира професорот од Машинскиот факултет Атанаско Туневски.