Софија: Бугарска делегација во посета на Рим и Ватикан

Бугарска делегација на чело со шефот на државата Георги Прванов денеска ќе замине за Ватикан каде што, како што е најавено во Софија, ќе му се поклони на гробот на Свети Кирил. Прванов ќе има средба и со папата Бенедикт Шеснаесети.