Киев: Победа на Грција на Евросонг

Гркинката Елена Папаризу со песната Ти си мојот број еден победи на синоќешното 50 то издание на избор за најдобра песна за Евровизија што се одржа во Киев, во конкоуренција со 24 натперврувачи. Претставникот на Македонија Мартин Вучиќ се пласираше на 17 то место што не и овозможи на нашата земја директно учество на финалето на следниот Евросонг. Илјадници Грци синоќа низ улиците на Атина ја славеа победата што им ја донесе Елена Папрису, која е родена и школувана во Шведска. Наградата за најдобра песна ја додели украинскиот претседател Виктор Јушченко.