Велика Британија и Соединетите Држави презентираа заеднички план пред клучните преговори во наредната недела меѓу Иран и Европската Унија за иранската нуклеарна програма. Британскиот шеф на дипломатијата Џек Строу и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на заедничката прес конференција во Вашингтон изјавија дека доколку преговорите пропаднат, ова прашање ќе се најде пред Советот за безбедност на Обединетите Нации, каде што ќе бидат побарани санкции против Иран.