Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ги повика властите во Узбекистан да дозволат демократски реформи во земјата. Таа истакна дека ниедна влада не треба да преговара со терористи, но изрази надеж оти узбекистанската влада отворено ќе ги согледа причините за насилствата во градот Андиџан.