Илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во западен Ирак поради борбите меѓу американските сили и бунтовниците во близина на границата со Сирија. Акцијата на американските сили против бунтовниците во тој дел на Ирак започна во минатата сабота и досега биле убиени околу 100 привразници на Абу Мусаб Ал Заркави.