Превисоките цени на лековите во изминатиот период и воведувањето на меѓународен тендер кој доведе до појава на странски фирми на пазарот, предизвикаа намалување на цените на лековите со што тие ја добија својата реална цена. Вака од бирото за лекови го објаснуваат актуелниот пад на цените на лековите.
Ромил Санџаковски, директор на Бирото за лекови, вели дека намалувањето на цените на лековите не претставува намалување на нивниот квалитет.
„Бидејќи процедурата за испитување на лекот е идентична со онаа во ЕУ. Во републичкиот завод се врши контрола на сите лекови.“
Со ист став и директорката на градски аптеки, Весна Огненовска, според која пониските цени на лековите ќе овозможи подобра снабденост на пациентите со потребните лекови.
„Секој лек при производството поминува на редовна контрола. Со намалувањето на цените не се губи во квалитетот на лековите, туку се подобрува снабдувањето на пациентите.“
Таа додава дека во моментот во аптеките има доволно лекови и дистрибуцијата за овој месец е веќе започната, но истовремено потенцира дека поголем проблем се јавува со доставата на лекови кои се увезуваат.
Од друга страна пак , секоја влезна серија на лекови во државата, подлежИ на соодветна контрола, од страна на бирото за лекови.
„Секој влез преку царината не може да оди во промет ако не добие дозвола од Бирото за лекови,“
објаснува Санџаковски
Според него засилените контроли на работата на веледрогериите И аптеките како И соработката со царината покажале добри резултати
„Наидовме на аптеки каде што кадарот ги напушта. Таквите аптеки ги затворивме, има 40 постапки за казнување.“
Од бирото за лекови велат дека падот на цените кај некои лекови се очекува да престане бидејќИ тие ја постигнале црвената линија, но додаваат дека постои група на лекови кај кои сеуште цените се превисоки.
„Во никој случај нема да бидат погодени домашните фирми. Тие цените си ги доведоа во нормална состојба. Ние имаме проблем со увозните лекови, не може во Грција еден лек да биде 30-40 насто поефтин во Грција отколку во Македонија.“
Повторно намалување на цените на лековите кои се на товар на фондот се очекува кон крајот на јуни оваа година, кога треба да заживее новиот тендер. Според проценките, цените ќе се намалат за 25%.