Најмалку 6 лица загинале од екплозија на бомба во близина на една џамија во Багдад, соопшти полицијата. Во Багдад денеска биле убиени и ирачкиот генерал Ијад Махди, како и полицискиот офицер Фадел Мубарак. Во западната провинција Анбар настрадале двајца американски маринци кога нивното возило налетало на мина. Подметнати експлозии денеска имало и во градот Киркук, при што три лица биле повредени.