Како до подобра бизнис клима?

Со цел подобрување на бизнис климата во Македонија денеска започнаа преговори мегу Министерството за економија и претставници на Светската банка за склучување на посебна програма која ке се спроведува во наредните четири години. За тоа што предвидува проектот Џелал Незири од министерството за економија вели:

„Проектот се состои од четири компоненти кои предвидуваат: подобрување на регулативата од бизнис сферата, зајакнување и модернизирање на националниот систем за метереологија, стандардизација, тестирање и квалитет, промовирање на конкуренцијата и подобрување на пристапот до информациите за кредитната способност и финансиските перформанси на компаниите.“

Експертите пак посочуваат дека законската рамка во голема мера е поставена, а како проблеми ги посочуваат проблемите во судството, во специфичните области - лиценциарњата, етичкото однесување во одредени професии како ревизорската, сметководствената, стечајните управници и слично. Сето тоа според нив се елементи кои даваат определени сигнали во бизнис климата:

„Има една многу важна работа на којашто не е обрнато внимание до сега, тоа е квалитетот на човечките ресурси. Ние во целиот овој период зборувавме дека нашиот најголем проблем се парите, законите итн, а дека квалитетот на човечките ресурси е добар, меѓутоа, кога одите поспецијализирано по области, сфаќате дека има недостиг од квалитетни и добро обучени ресурси,“

изјави Верица Хаџивасилева Марковска директор на ревизорската кука Ернст и Јанг. Токму проблемот со човечките ресурси е нареден што ке се постави на сцената како недостаток, вели таа и додава:

„Очекувам дека со нашето отворање кон Европа повеќе, дека ќе станеме повидливи за странските инвеститори и јас верувам дека ако дојдат повеќе странски инвститори тоа ќе влијае и на подобрување на бизнис климата.“