Тбилиси: Пронајдена некативирана експлозивна направа во близина на местото каде Буш држел говор

Шефот на грузиската безбедносна служба Џела Безхуашвили денеска потврди дека неактивирана експлозивна направа била најдена во близина на местото каде што американскиот претседател Џорџ Буш го држел вчерашниот говор во Тбилиси. Службата која е задолжена за безбедноста на Буш била информирана дека рачната бомба била најдена на триесетина метри од платформата на која стоел претседателот.