Багдад: Над 50 загинати во пет напади на бомбаши самоубијци

Во денешните пет напади на бомбаши самоубици во Ирак, како што јавуваат агенциите, загинале над пеесетина луѓе, додека десетици други биле ранети. Нападите се случиле во Тикрит, Хавиџа и во едно предградие на Багдад. Во меѓувреме, во западениот дел на Ирак продолжува операцијата на американските сили против тамошните бунтовници. Претставник на американската команда во Багдад соопшти дека војниците наишле на голем отпор од милитантите.