Москва: ЕУ и Русија склучија рамковен договор за широко партнерство

Лидерите на Европската Унија и Русија денеска во Москва склучија рамковен договор за широко партнерство. Станува збор за засилување на соработката од економијата до внатрешната безбедност. Планирани се натамошни преговори за проблематичнмите прашања како што е олеснување на визниот режим што Брисел го поврзува со реадмисија на илегалните имигранти кои од Русија влегоа во земјите на Унијата.