Багдад: Потврден изборот на преостанатите шест министри во ирачката влада

Ирачкиот парламент денеска го потврди назначувањето на останатите шест министерски функции во ирачкиот владин кабинет со што заврши комплетирањето на ирачката влада која минатата недела положи заклетва. Во меѓувреме ирачката полиција соопшти дека во напад на непознати вооружени лица изутрината во Багдад бил убиен високиот функционер на ирачкото министерство за сообраќај Зоба Јасин.