Американскиот претседател Џорџ Буш кој престојува во неколкудневна европска турнеја, денеска во Рига се состана со летонската претседателка Ваира Вике Фреиберга. Во текот на денов ним ќе им се приддружат и претседателите на Естонија и на Литванија Арнолд Руутел и Валдас Адамкус. По престојот во Летонија денеска пртседателот Буш заминува за Холандија, каде што утре ќе им оддаде почит на американските војници кои загинаа во Втората Светска Војна. В понеделник Буш во Москва ќе присуствува на церемониите по повод Шеесет годишнината од победата врз фашизмот. Прославата во Москва предизвика контроверзи меѓу балтичките земји со објаснување дека тогаш всушност почнала нивната пеесет годишна окупација од страна на поранешниот Советски Сојуз. Американскиот претседател Џорџ Буш, турнејата ја завршува со престој во Грузија.