Корупцијата сеуште на загрижувачко ниво, подобрување на комуникацијата со државните институции

Степенот на корупција во земјава сеуште е на загрижувачко ниво, но се бележи подобрување на комуникацијата со државните институции стои во годишниот извештај на антикорупциската комисија закои треба да расправаат и пратениците. Претседателот на ова комисија Драган Малиновски вели:

„Статистика во делот дали имаме повеќе или помалку корупција, не може да се направи, затоа што се движи во сиви зони што не може да се обработат статистички, но може да се каже дека на планот на соработката со институциите има подобрување. Веројатно упатството на владата што го донесе до своите служби, дава свои резултати.“

Но според него изостанува соработката со Јавното Обвинителство, причините остануваат нејасни:

„Дефинитивно од наша страна нема никакви ниту причини, ниту пречки, она што е наша иницијатива, но повратно немаме информација што се сработело и дознаваме преку медиуми дали некоја наша иницијатива е прифатена, не е прифатена итн.“

За посуспешна борба против корупцијатас според малиновски пред се е потребно создавање на основна легислатива за борба против корупцијата:

„Нема тајни или специјални рецепти. Основа е создавање легислативна основа за борба против корупцијата. Значи, ефикасен систем и ефикасни судски разрешници, кога тоа ќе го имаме ќе имаме и превенција на генерален план.“

Меѓународните преставници и институции посочуваат дека Македонија мора поенергично да се спротивстави на корупцијата доколку сака странски инвестиции. Со тоа се согласува и претседателот на анти корупциската комисија

„Секој инвеститор кој ќе помисли да инвестира, дали странец или домашен, доколку не чувствува сигурност, односно владеење на правото, тоа дефинитивно е кочница и за инвестициите.“