Денеска е последниот ден од кампањата пред утрешните општи избори во Велика Британија. Според резултатите од најновите, владејачката Лабуристичка партија на премиерот Тони Блер има солидна предност пред опозиционите конзервативци и либерал демократи. Доколку победат лабуристите тоа ќе претставува и трет последователен мандат за премиерот Блер.