Германскиот канцелар Герхард Шредер на денешните разговори во Анкара со турските лидери, како што јавуваат агенциите, побара од нив да ги продолжат реформите како подготовка на земјата за влез во Европската Унија. Шредер изјави дека Турција ќе ги почне преговорите за тоа со Унијата, како што е планирано, во октомври годинава.