Во Македонија се почести барањата за ревизија на историјата

Во знакот на одбележувањето на 60 годишнината од победата над фашизмот, повторно се актуелизираат барањата за ревизија на македонската историја во делот на учеството на македонскиот народ во народноослободителното движење од 1941 година. Една иста цел, борбата против фашизмот во основа ги обединува македонските сили вклучени во Народноослободителната војна, но внатре во нив идеологиите беа различни, објаснуваат историчарите. Токму во овој дел историчарите повикуваат на ревидирање на историјата. Иако во соседните балкански земји, поделеноста на струиите била поочигледна и во македонија таа е приустна. Кои беа тие струи, објаснува исторчарот д-р Лазар Лазаров:

„Имаше струи на автономисти и федералисти, под наводно ослободување на неослободените територии и приклучување на Македонија кон Бугарија и движењата за создавањето на слободна македонска држава, во која имаше повеќе проекции. Имаше проекции за создавање на Македонија како држава и нејзино самостојно одлучување за приклучување кон таа идна југословенска федерација, понатаму имаше и идеи за создавање југословенско – бугарска федерација, балканска федерација, дури се одеше и понатаму за создавање подунавска федерација. Тоа беа проекции од кои се реализира онаа проекција за создавање на југословенска федерација, во која македонскиот народ влезе како една од федералните единици. Во основа, најзначајно е да се истакне дека тој создаде своја државност и со тоа македонскиот народ се стекна со правото сам да одлучува за својата судбина.“
.
Недопирањето на минатото во овој дел од Народноослободителната борба, трае и до денес. Најчесто поради големиот дел од уништените архиви овој период од историското минато како и улогата на лидерите на овие движења, недоволно се проучуваат од страна на научниците.

„Тие беа табу теми во текот на постоењето на југословенската федерација. Не беше забрането, туку не беа достапни архивите со оваа документација,“

вели професор Лазаров.

А имено некои неразјаснети прашања од историјата и различните движења, не само во македоснкиот дел од од Втората Светска војна, туку и во албанскиот, неодамна со подигнувањето на неколку споменици во западна Македонија, на значјани личности од времето на албанскиот бализам, предизвикаа бура од реакции во јавноста. Аналитичарот Хисен Рамадани говорејќи на оваа тема објаснува:

„Основната идеологија на бализмот беше глобална, албанска, го задржуваше оној концепт на обединета Албанија на движењето во целина. Надвор од тоа не беше ниту комунистичкото движење во Албанија. После тоа се деформира историски, бидејќи се отстапи од таа теза, којашто беше од четвртиот конгрес на коминтерната како за македонското така и за албанското прашање.“

Поради баланс и смирување на страстите посебно во овој период во кој се наоѓа Македонија ова прашање треба повторно да биде отворено потенцира, Рамадани:

„И таа димензија на нештата треба да се види, не само заради градење на споменици, туку прво заради вистината, а друго и да се избалансираат историските текови.“