Багдад: Најмалку четити лица загинаа во експлозии на две автомобил бомби

Најмалку четири лица загинале во денешните две експлозии на автомобили бомби во центарот на Багдад, соопшти ирачката полиција. Првата експлозија, во која немало загинати, се случила во моментот кога минувал конвојот на командантот на специјалните ирачки сили, генерал мајорот Фулејх Рашид. Во втората експлозија покрај четворицата загинати имало и неколкумина повредени. Во изминативе три дена во напади на ирачките бунтовници, загинале над сто луѓе.