Во голем број земји од светот се одбележуваат Велигденските празници со богослужби во православните цркви, а меѓународниот ден на трудот со демонстрации и протести. Во Русија од изутрината повеќе илјади граѓани почнаа со одржувањето на традиционалните маршови во околу 850 градови низ земјата но одзивот според агенциите е прилично низок поради славењето на Велигден. Во Њујорк мировните активисти закажаа масовни демонстрции со барање да запре окупацијата во Ирак и да се укине нуклеарното наоружување во очи на 60 годишнината од атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Во Хавана на учесниците на првомјската парда им се обрати претседзтелот на Куба Фидел Кастро. Во 10-те нови членки на Европската Унија пак парлено со меѓунродниот ден на трудот се одбележува првата годишнина од нивното влегување во Унијата.