Во кавга меѓу војници и полицаец во авганистанскиот град Херат за време на јавна церемонија загинаа две жени, а неколку други лица беа ранети. Агенциите јавуваат дека засега не е јасно што ја предизвикало кавгата. Веднаш по пукотниците, околу 500 лица протестираа против локалните власти, војската и полицијата.