Министрите за надворешни работи на шесте соседи на Ирак, Јордан, Сирија, Кувајт, Иран, Турција и Саудиска Арабија плус Египет денеска на средба во Истанбул треба да го усвојат вчерашното соопштение за подршка на владата во Багдад. Во соопштението ,меѓу другото, се нагласува подршката на територијалната целина на Ирак што е централно прашање за повеќето соседи пред се поради стравувањето дека растечката моќ на ирачките курди би можело да доведе до воспоставување нивна држава.