Седумнаесет луѓе загинале, а пеесетина други биле ранети во четирите експлозии на автомобили бомби што денеска се случија во Ирак. Цел на нападите биле ирачките сили за безбедност, само ден откако беше формирана првата демократска влада во таа земја во изминативе пеесет години. Ирачката полиција верува дека нападите ги извршиле бомбаши самоубијци.