Вашингтон: Македонија на 110 место според слободата на медиумите

Според слободата на медиумите, Македонија се наоѓа на 110 – тото место во светот, соопшти Фридом Хаус – американска организација за промоција на демократијата. На глобалната листа Македонија е зад Албанија, Конго и Хондурас. На листата од 27 те земји од Централна и Источна Европа, Македонија е на 15 тото место зад Албанија, Босна, Србија и Црна Гора, Хрватска и Бугарија, а пред Грузија, Украина и Ерменија.