Ирачкиот парламент денеска ја избра владата на премиерот Ибрахим ал Џафари. Преговорите за новата влада во која, според Џафари, има преставници од сите главни етнички и религиски групи, се водат уште од завршувањето на општите избори во Јаунари. Листата на 36 члениот кабинет на премиерот Џафари треба да се пополни со уште неколку министри.