Вашингтон: Земјите од југоисточна Европа активно ја поддржуваат борбата против тероризмот

Земјите од Југо-источна Европа активно ја подржуваат меѓународната борба против тероризмот, соопшти синоќа американскиот Стејт Департмент. Наведени се 12 земји од регионот кои соработувале во рамките на Иницјативата за соработка и Регионалниот центар за сузбивање на пограничниот криминал со седиште во Романија.