Рускиот претседател Владимир Путин, денеска ја завршува посетата на Египет. Официјалните разговори со египетскиот претседател Хосни Мубарак се посветени на ситуацијата во Ирак, Либан, Сирија, како и на предложените реформи на Обединетите Нации. Путин од Египет ќе замине во прва посета на Израел, а потоа ќе престојува и на палестинската територија.