Грчкиот премиер Костас Караманлис, во интервју за весникот Катимерини, изјави дека во моментов се уште нема видливо решение за спорот околу употребата на името Република Македонија. Тој додава дека иако иницијативата на медијаторот Метју Нимиц не е во целост задоволувачка за Грција, таа овозможува перспектива за разговори.