На плоштадот свети петар во Ватикан денеска започна свечената миса која претставува инаугурација на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт шеснаесетти, пред неколку стотина илјади верници, како и повеке државни претставници. Седумдесет и осум годишниот кардинал Јозеф Рацингер за папа беше избран во вторникот на конклавата која траеше два дена. Тој е осми германски понтиф, а е познат како лидер на конзервативната струја во Ватикан и лидер на влиајтелната Конгрегација на католичката доктрина.