Во Основниот суд Скопје Два денеска се очекуваат пресудите за Александар Цветков, Горан Стојковски, Бобан Утковски и Митко Кикереков обвинети за убиството на седумина странски државјани кај Раштански Лозја. Процесот против обвинетите траеше пет месеци. Судот неколку пати ги одбиваше барањата тие да се бранат од слобода со образложение дека можат да избегаат од земјата.