Претседателите на Русија и на Белорусија Владимир Путин и Александар Лукашенко на денешите разговори во Москва, како што официјално е соопштено, ќе разговараат за унификацијата на законодавствата, пензиските системи и буџетите на двете земји, а во контекст на планираниот нивен сојуз во идната година. До оваа средба дојде ден откако на состанокот на НАТО во Вилнус, Русија и Соединетите Држави се судрија околу ситуацијата во Белорусија. Имено, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс оцени дека во Белорусија владее последниот диктаторски режим во Европа.