Избрзана одлука донесена во афект

Одлуката на пратеничката група на ДПА да го прекине своето учество во понатамношната работа на Собрението е лична одлука, донесена во афект, се надеваме дека ке се вратат ова се само дел од реакциите на останатите политички партии.

За нивниот коалиционен партнер во изборите ПДП одлуката на ДПА да дејствува вонинституционално не најдобриот начин. Абдуљади Вејсели вели:

„Тоа е нивен личен став или одлука. Меѓутоа, ние како партија мислиме дека треба да се делува институционално, треба да ги кажеме нештата за да може да се решаваат проблемите, затоа што вонинституционално тешко се решаваат проблемите.“

Во владеачката ДУИ пак се надеваат дека партискиет органи на ДПА ке донесат спротивна одлука од таа на пратеничата група и тие ке се вратат на собраниските седници

„Мислам дека одлуката е донесена набрзина, така што јас верувам дека нивните пратеници ќе учествуваат во работата на Собранието. За таа одлука треба да разговараат и органите на партијата, местото на пратениците е во Собранието и се надевам дека пратениците од ДПА ќе дадат свој придонес во работата на Собранието,“

Вели Рафиз Халити. Во пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ сметата дека одлуката на ДПА е резултат на на револтот создаден по одлуката за одложување на нивниот предлог за поништување на изборите во северозападниот дел на земјата

„Јас не сакам да ја коментирам одлуката на ДПА, но очигледен беше револтот заради неприфаќањето на нивниот предлог. Затоа што постојано се одбиваат предлозите на опозицијата, настана револт кај пратеничката група и го напуштија Собранието,“

изјави пратеничката Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.

Пратениците на ДПА по вчерашната одлука најавија дека ке дејствуваат вонистиуционално

„Со тоа тие повеќе губат, затоа што оваа дебата сега ќе се направи вон институциите,“

изјави координаторот на пратеничката група Замир Дика.