Скопје: Отфрлена интерпелацијата за министерката Митрева
Собранието на Македонија денеска ја отфрли интерпелацијата за работата на министерката за надворешни работи Илинка Митрева, што беше поднесена од пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и Либералната Партија. Против гласаа 63-ца пратеници.