Американските сили во Авганистан соопштија дека убиле 12-мина бунтовници, откако тие ја нападнале воената база во провинцијата Хост. Според американски извори, во битката, најжестока во последниве неколку месеци, биле користени хеликоптери и тешка артилерија.