Багдад: Денеска ќе биде соопштен составот на новата влада

Ирачкиот премиер Ибрахим Ал Џафари се очекува денеска да го соопшти составот на новата влада. Лидерите на политичките партии долго време преговараа за министерските места, а најмногу несогласувања имаше за министерствата за нафта, за внатрешни работи и за одбрана.